Мајка и ќерка забремениле во исто време и родиле машки деца со разлика од само две недели

Мајка и ќерка од Англија забремениле во исто време и родиле машки деца со разлика од само две недели.

Пролетта 2018 година, Мелани Варбертон (44) дошла дома за да му каже на семејството дека е бремена, додека вест имала и ќерката Киша Варбуртон (24), пренесува „Њујорк пост“.

„Се симнав по скалите со тестот за бременост во раката, а таму беше мајка ми со слика од ултразвук. Беше лудо, но и неверојатно да поминам бременост и породување со мајка ми“, изјавила Киша за „Саут Вест Њус Сервис“.

На 15 јануари 2019 година, Мелани го роди синот Грејсон, кој и е трето дете. Две недели подоцна, на 29 јануари, нејзината ќерка го родила своето прво дете, момче по име Картер.

„Да се ​​има мало братче и син во исто време беше неверојатно чувство“, изјавила Киша.

Двете бремености биле изненадување и за мајката и за ќерката.

Мелани отишла на интервенција за јајниците за да може повторно да забремени со својот сопруг Вилијам Варбертон (36). Во меѓувреме, ќерката Киша и нејзиниот партнер Калум Пирсон (23) шест години, оделе на лекување откако го загубиле своето бебе.

„Мама ме убеди дека се ќе биде во ред со новата бременост и дека сум здрава. Таа го почувствува нејзиното бебе како се движи во стомакот, а две недели подоцна и јас го почувствував истото”, се присетила Киша.

Денес нивните синови се најдобри пријатели и повеќе се браќа отколку чичко и внук.

Scroll to Top