Македонската велосипедистка Елена Петрова освои второ место на натпревар во Хрватска и обезбеди пласман на Светско првенство

Елена Петрова (29) актуелен државен шампион во друмски велосипедизам, беше дел од меѓународното издание на UCI Gran Fondo 2023, кое изминатата сабота се одржа во хрватскиот град Умаг.

Во конкуренција на 25 држави учеснички, Петрова успеа да ја заврши 120км долгата патека на 2-то место во категорија жени од 19 до 34 години.

Со овој опласман Петрова се квалификуваше на овогодинешниот Светски UCI Gran Fondo, кој ќе се случува во август во Глазгов – Шкотска.

„Навистина сум среќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со дрес на национален шампион гордо да застанам на подиумот. Трката во Истра беше тешка, но јас сум во одлична кондиција и успеав да дадам максимум од својот потенцијал и да завршам на позиција број 2 во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и мотив за возбудлива натпреварувачка сезона. Благодарност до мојот матичен клуб Инвиктус и Велосипедската федерација на Македонија“, изјави додаде Елена Петрова.

 

Scroll to Top