Македонски алпинисти искачија шест врвови на експедиција во Јужна Америка

Македонските алпинисти Глигор Делев и Надир Мурсели искачија шест планински врвови и вулкани повисоки од 3000 метри надморска височина во неколку земји од Јужна Америка. Нивната експедиција траеше од 12 јануари до 1 февруари.

Во Мексико тие искачиле четири врва и тоа Круз де Маркес (3937 мнв), Пико Дел Агила (3880 мнв) Невадо де Толука (4780 мнв) и Пико де Орисаба (5000 мнв). Во Гватемала се искачиле на Ел Акатенанго (3976 мнв), а во во Боливија се искачиле на Чакалтаја (5421 мнв).

Во Боливија ја искачувале Хуајна Потоси и стигнале до 5700 метри надморска височина, но се откажале поради лошото време и не успеале да стигнат до највисоката точка од 6088 мнв. Експедицијата требала да искачи неколку врвови и во Перу, но се откажале поради политички немири во земјата. 

Дел од врвовите на кои се искачиле се неактивни вулкани, а во текот на искачувањето забележале и како дел од активните вулкани се активираат.

 

Scroll to Top