Македонски и регионални музичари ќе пеат во Битола на фестивалот „Балкан гала“

На 6 и 7 јули во Битола ќе се одржи фестивалот „Балкан гала“ со Камерниот оркестар на Битола. На поп и рок концертот, оваа година освен македонски, ќе настапат и музичари од регионот, но и познатиот светски диџеј Дарен Емерсон.

Првата вечер на концертот „Рок симфонија“ ќе пеат Ристо Вртев, Гиле од Електрични оргазам, Ружица од Ареа, Пеце Суперхикс и Сак и Жарко Јакимоски. По нив, од 23 часот свој сет ќе има британскиот диџеј Дарен Емерсон и македонските диџеи Горан Кан и Херзел.

Втората вечер е концертот „Поп симфонија“ на кој заедно со Камерниот оркестар ќе пеат Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски.

Концертите на „Балкан гала“ почнуваат од 20 часот.

 

 

Scroll to Top