Македонски каратисти освоија 135 медали на балканскиот шампионат во Скопје

Македонската репрезентација во традиционално карате освоени вкупно 135 медали 40 златни, 39 сребрени и 56 бронзени медали на ИТКФ балканскиот шампионат.

„Медалите се освоени во сите возрасни категории и натпреварувачки дисциплини во поединечна и екипна конкуренција. Најуспешни наши каратисти со освоени повеќе златни, сребрени и бронзени медали беа: Димитри Влахо, Антонија Белазелкоска, Сашо Спасовски, Бојан Богдановиќ, Берта Милевска, Мила Младеновска, Јана Милевска, Марта Димковска, Изабела Пренковска во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција“, информираат од Македонската репрезентација во традиционално карате.

Кај децата најуспешни беа: Камелија Недев, Филип Недев, Матеј Мангаровски, Срна Вапски, Мариастела Топалоска, Софиа Топалоска, Софија Јарчевска, Ива Спасеновска, Лука Крстевски, Дамјан Трајковски, Георги Кокорманов и Максим Поп Трпев.

На балканскиот шампионат учествуваа 274 каратисти од 6 држави, а Македонија беше најуспешна и настапи со 80 каратисти. Шампионат се одржа на 8 и 9 април 2023 година во СЦ Борис Трајковски.

Scroll to Top