Македонскиот бодибилдер Ивица Јанев освои 6 златни медали и 2 титули на натпревари во Србија

Фитнес тренерот и бодибилдер, Ивица Јанев ги освои „Даамански куп“ во Србија. А освои и Трофеј во Чачак. Викендов тој освои 6 злата и 2 титули Апсолутен победник и Про карта од 2 натпревари од интернационален карактер што се одржаа во Србија.

Ивица во Србија, Чачак учествувал на интернационалниот бодибилдинг натпревар „Дијамантски куп“, каде беше прогласен за апсолутен шампион на натпреварот, во организација на највисоко престижната Бодибилдинг и Фитнес федерација во Свет IFBB. На овој прв интернационален натпревар од ваков восок карактер учествуваа над 200 преставници од повеке земји од регионот и пошироко.

Тој на овој натпревар освои 3 златни медали и Титула Апсолутен шампион добивајќи и  Про карта од Диамантскиот куп во Чачак и Професионална Карта, тешко престижно достигнување и признание за кое се бори секој од областа на фитнесот.

На првиот Бодибилдинг натпревар во Србија од отворен карактер, познатиот Трофеј на Чачак кој воедно беше втор натпревар за Јанев викендов, претставува квалификации за Балканско и Европско во Србија.

Ивица ги повтори своите достигнувања од претходниот ден освојувајки 3 злата и станувајќи Апсолутен победник на Трофеј на Чачак.

Тој во 2018 беше шампион на Златниот куп во Белград додека 2019 беше државен шампион во Бодибилдинг до 90кг во Македонија и воедно и апсолутен државен шампион за 2019. Истата 2019 година Ивица стана и Балкански шампион во Бодибилдинг Класик Физик, Златна ера на Бодибилдинг.

 

Scroll to Top