Македонскиот борач Омер Мемеди освои злато на Балканското првенство во Романија

Омер Мемеди освои златен медал на Балканското првенство за возрасни категории У15 и У17 во Букурешт, Романија. Мемеди се натпреваруваше во возрасна категорија У15 и успеа во категоријата 68 килограми да се закити со златниот медал откако во финалната борба со 4:2 триумфираше против натпреварувачот од Молдавија.

Златен медал освои и Мердијан Џелили (41 кг.), додека сребрениот медал е за Марио Ананиев во категоријата 44 кг.

Македонската репрезентација во борење ја претставија 37 борачи во машка и женска конкуренција во повеќе тежински категории. Освен од Македонија и Романија, се натпреваруваа натпреварувачи од Молдавија, Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Косово и Словенија.

Ангела Трајковска од  Женската боречка федерација освои сребро во категоријата 39 кг, додека Садије Дура освои бронза во категоријата 46 кг.

 

 

Scroll to Top