Македонските промотори на електронска музика Room 313 прославија осум години на сцената

Македонските диџеи и промотори на електронската музика, кои работат под името Room 313, го прославија осмиот јубилеј ос своето формирање со журка во познат скопски клуб.

Приказната за Room 313 започна во 2014 година,  кога тројца истомисленици, хипнотизирани од електронскиот звук, почнаа да ја промовираат и слават квалитетната музика на електронската сцена во Македонија.

„Првичната идеја беше да се забавуваме и да споделуваме музика меѓу себе, но како што се одвиваа и се оформуваа следните настани и настапи, некако природно ни се налепија професиите промотори и диџеи. Да промовираме модерна електронска музика и да организираме заеднички настани со пријатели, диџеи и уметници, кои имаат изострен слух и дефиниран вкус за електронска музика. Ова е идејата што нè спои со многу луѓе и ни донесе многу нови пријатели. Ние го промовиравме брендот Room 313, а тој нè промовираше нас. Веројатно публиката почувствува некој оригинален пристап и искрена енергија на нашите настани и ни дозволува да работиме со иста љубов, пасија и ентузијазам. Овие три работи нè обединуваат, ни ги креираат идеите и ни даваат енергија да продолжиме да го правиме тоа што нè прави исполнети и среќни“, вели Александар Митрик.

Во времето на карантините, тие ја промовираа и платформата за електронска музика roomania.mk, слектронски музички магазин, серијал на аудиопоткасти и серијал на настани.

„Roomania e фамилија на креативци. Среќни луѓе што се поддржуваат меѓусебно. Како електронски музички магазин, информираме за нашите активности и за активностите на нашите пријатели што се залагаат за електронската култура кај нас. Правиме интервјуа со водечките артисти на светската електронска сцена и интервјуа со нашите македонски артисти, со што сакаме да дадеме до знаење дека и нашите артисти делат слична приказна со големите имиња од светот и имаат исто толку голем потенцијал и квалитет во своите диџеј сетови и продукции“, додава за Митрик од Room 313.

Scroll to Top