Македонските тенисери ја победија Црна Гора во Дејвис-купот

Македонската тениска репрезентација ја победи Црна Гора со 2:1 во меч од третата европска група во Дејвис-купот на турнирот што се игра во Улцињ. Црна Гора беше еден од фаворитите и втор носител на турнирот.

Калин Ивановски и Горазд Србљак победија во дубл натпреварот против Петар Јовановиќ и Резарт Цунгу. Во сингл Ивановски победи со 6:4 и 6:3 против домашниот тенисер Петар Јовановиќ, а во вториот сингл натпревар македонскиот тенисер Берг Бугариќ загуби од Резарт Цунгу.

Претходно, Македонија загуби од Луксембург.

Денес, македонските тенисери ќе играат со репрезентацијата на Молдавија.

Scroll to Top