Македонските тимови играa Дота 2 и CS:GO и стартуваа со победи на Светското првенство во Бали 

Македонија со тимовите во „Дота 2“  и „CS”GO“ со победи го стартуваа Светскиот шампионат во „Е-Спорт“ во Бали, Индонезија  Во „CS:GO“ со 0:2 нашиот тим ја победи Индонезија, додека во „Дота 2“ со истиот резултат го победи Алжир.

dobivaj vesti na viber

Дел од македонскиот тим се Јане Апостолоски „аidKit“, Александар Ќуловски „CacaNito“, Даниел Глигоров „dan1“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“ и Павле Стојановски „stYleEeZ“.

„Одличен почеток за нашите кантераши и доташи. Издвоивме две победи и спремни сме за следните натпревари,CS:GO Индонезија  0 : 2  Македонија, Дота 2 Алжир  0 : 2 Македонија. Браво момци“, напишаа од Македонската Еспорт Федерација.

Scroll to Top