Манекенка потрошила 70.000 евра за да личи на Барби

Манекенката Марсела Иглесијас (41) потрошила 70.000 евра за пластични операции за да личи на куклата Барби. Таа живее во Лос Анџелес и сака да се омажи за човек кој личи на куклата Кен.

Марсела е инфлуенсерка со 925.000 следбеници на Инстаграм. Но, се прослави преку платформата Онли фанс откако објавува голи слики, но во стилот на Барби, пишува „Мирор“.

Манекенката вели дека им создава фантазии на своите обожаватели, а освен во Барби се претвора во Мерлин Монро и Памела Андерсон.