Манекенката Кели Гарнер која имала рак во четвртио стадим, од дечкото ја добила венчавката од соништата. Вели дека сакала да се венчаат пред да и падне косата.
„Сакав да се омажам пред да почнам да ја губам поради следната хемотерапија“, рече Гарнер која боледува од рак на дебелото црево.
Нејзиниот свршеник, рагби играчот Џереми Финлејсон одлучил да ја изненади па и направил свадба од соништата. Направиле интимна церемонија на плажата Тенисон во Јужна Австралија. На венчавката биле поканети дваесетина блиски пријатели и членови од семејството. Со нив била и ќерката Софија.
Гарнер првпат за ракот дознала на 25 години. Тогаш Софија имала само три и пол месеци. Цела година поминала хемотерапии и зрачења и операции. Кога лекарите мислеле дека го победила, во јануари дознале дека ракот метастазирал и дека од дебелото црево се раширил на белите дробови.
Тогаш почнала да размислува за венчавка. Со Џереми направиле план за три недели, а и помогнале и колешките од агенцијата во која работела. За брзо нашле локација, свештеник, фустан, костум и цвеќиња. Гостите сакале да ги изненадат па им рекле дека ги канат на семеен пикник.
Сакале церемонијата да биде тивка и приватна, па ја чувале во тајност и од нивната двегодишна ќерка, која тогаш имала само 19 месеци и не знаела што се случува. Се плашеле да и кажат за да не ги издаде.
„Таа е дете што многу зборува. Немаше идеја што се случува, па само и кажавме дека нејзините омилени луѓе ќе дојдат за време на викендот“, објасни Кели, која додаде дека денот на венчавката почнал со дожд, а Сонцето се појавило кога тргнала конолтарот. Двајцата си ги прочитале заветите.
Кели си вети дека ќе го победи ракот и дека ќе слават во октомври со Џереми кога ќе му заврши рагби сезоната во Австралија.
„Ќе направам сè да ја победам болеста и ќе бидам тука за мојот сопруг и ќерка“, рече по свадбата.
Кели сака преку својот пример да им помогне на голем број други девојки кои се соочуваат со сличен проблем. Сака да ја подигне свеста од опасноста од ракот на дебелото црево, особено кај младите.
За потсетување, Федералниот оддел за здравство на Австралија испраќа покани за тестирање на рак на дебелото црево на сите Австралијци постари од 50 години, а сега и јавно се повикуваат помладите луѓе да одат на колоноскопија ако мислат дека нешто не е во ред со нивниот дигестивен систем.
Кели, пак, признава дека е горда што преку нејзината приказна ги охрабрила луѓето кои ги посетиле своите матични лекари да им понудат колоноскопија. Рече дека само жали што не ги проверила своите дигестивни проблеми порано.
„Ако го открив проблемот порано, работите сега можеби ќе беа поинакви“, рече Кели.