Манекенка вградила микрочип за да го подигне задникот

Манекенката Каролина Лекер има вграден микрочип „Beauty Chip“ во задникот. За оваа екстремна процедура се одлучила за да се обиде да ја освои популарната бразилска титула „Miss BumBum“, на изборот каде се избираат најсекси задници.

Хормонскиот имплант го ослободува синтетичкиот хормон гестринон, добиен од тестостерон, за кој се верува дека ја намалува количината на маснотии во телото, вклучувајќи го и целулитот.

Откако ќе се инсталира чипот, местото подоцна се чисти и шие. Постапката чинела над 810 фунти и траела 30 минути, а резултатите се очекува да траат шест месеци. Ако се оди според планот, 24-годишната манекенка се надева дека ова ќе и помогне во нејзината кариера.

„Задникот отсекогаш ми бил цврст, бидејќи редовно вежбам. Од две причини решив да вградам чип. Едната е поради предноста во конкуренцијата, а другата е да ми помогне со болките за време на менструацијата”, објаснила таа.

Таа додаде дека одлично се чувствува и дека докторот ја ставил на строга диета за да избегне потенцијални проблеми со чипот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carolina Lekker (@carollekker_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carolina Lekker (@carollekker_)

Scroll to Top