„МАС музичките награди“ ќе се одржат на 25 и 26 јануари во белградската Штарк Арена

Music Awards Ceremony (MAC) ќе се одржи во белградската Штарк Арена на 25 и 26 јануари. Првиот ден ќе настапат регионалните претставници на поп, алтернативниот поп, рок, рап, хип-хоп, светската музика и фолк музиката, а на вториот најголемите идоли на трап, дрил и урбаната поп музика.

dobivaj vesti na viber

Настанот е во организација на „Скајмјузик“. Најавата почна во неделата кога беше најавено долгоочекуваното трето издание, со вклучувања во живо на некои од најголемите музички ѕвезди во регионот и добитници на престижните MAC награди во претходните изданија.

Сега за првпат тие имаа ексклузивно право да номинираат трoјца свои фаворити за MAC 2023 признанијата. Во живо се вклучија и изведувачите кои беа номинирани и сите имаа можност да видат кого сѐ номинираа Констракта, Секси од Црни Церак, Лацку, Нучи, Едита и Сара Јо.

Преку 400 илјади фанови имаа можност да ги следат номинациите, а изведувачите кои таа вечер беа најмногу пати предложени се Сенидах со темата „Бехуте“, Сара Јо со „Зар не“, Констракта со „In corpore sano“ и Зое Кидах со „Бејби“. Меѓу номинираните се најдоа и момците од ДНК за темата „Ако утре ме нема“.

За два часа беа објавени повеќе од 20 илјади коментари, кои, освен реакција на номинираните, всушност беа и барања на MAC 2023 да ги видат некои од своите омилени музички идоли, што кај организаторите иницираше еден потполно неочекуван чекор, можност фановите да ги предложат своите кандидати за MAC 2023 награда.

Како што е објавено на официјалниот Инстаграм-профил на манифестацијата, секој кој сака, во коментар може да го тагне извдувачот со нумерата која според него заслужува номинација, а ќе влезат првите десет нумери со најмногу лајкови на коментарот.

Изборот на песни можат да бидат од кој било музички жанр, односно да бидат претставници од која било земја учесничка: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија, а единствен услов е да е издадена во периодот од 1 октомври 2021 до 15 октомври 2022 година.

За потсетување, во понеделник на 5 декември точно напладне во продажба ќе биде пуштен првиот, ограничен контингент влезници по промо цени кои ќе бидат достапни преку страницата efinity.rs, преку бесплатната eFinity апликација и на билетарницата на Штарк Арената, како и влезниците за фан пит и ВИП влезниците.

 

Scroll to Top