Маск и Цукенберг договорија тепачка во кафез

Двајцата милијардери Илон Маск и Марк Закерберг се договорија да имаат тепачка во кафез. Иницијативата дојде од Маск, кој на „Твитер“ напиша дека е подготвен да се тепа со Цукенберг.

Директорот на „Мета“ во чија сопственост се и „Фејсбук“ и „Инстаграм“, му одговори и го праша само за локација. Маск одговори дека местото за тепачка ќе биде октагонот во Лас Вегас. Станува збор за оградено борилиште кое се користи во УФЦ шампионатот.

Маск призна дека речиси никогаш не вежба, за разлика од неговиот 13 години помлад колега кој има тренирано мешани боречки вештини, а неодамна победи и на турнир во џиу џицу.

Scroll to Top