Маск им го намали породилното отсуство на вработените во Твитер од 20 недели на 14 дена

Шефот на „Твитер“ Илон Маск ги скрати деновите на платено породилно отсуство на вработените во компанијата, од 20 недели на само 14 дена. Од компанијата ја сменија политиката на она што е пропишано со закон во регионот каде вработените работат, рече репортерката на „Њујорк Тајмс“, Кејт Конгер.

Не постои национална политика за платено семејсно отсуство. Но, Законот за семејно и медицинско отсуство на одредени вработени им дава неплатено отсуство за период до 12 недели, во кој им е заштитено работното место, поради одредени семејни и здравствени причини.

Со промената на политиката во „Твитер“, работниците кои сакаат да побараат дополнително платено отсуство се на милост и немилост на нивната држава во која живеат.

Има 12 држави кои нудат некаква форма на платено семејно и медицинско отсуство. Во Калифорнија, државниот закон им дозволува на вработените да земат до осум недели платено отсуство.

Њујорк и Њу Џерси дозволуваат 12 недели платено отсуство, како и неплатено отсуство со заштита на работа до 26 недели. Род Ајленд има најдарежлива политика, дозволувајќи им на работниците 30 недели платено отсуство.

 

 

Scroll to Top