Маж од Полска 13 години ја чувал својата мртва мајка во домот. Полјакот бил откриен откако 76-годишен маж кој решил да го посети својот девер во неговиот дом во градот Радлин, во југозападна Полска.
Забележувајќи го како талка низ куќата и изгледа расеан, деверот решил да повика брза помош. Кога влегле во куќата, нашле мумифицирано тело како лежи на каучот на куп стари весници, пишува Дејли мејл.
Портпаролката на полицијата Малгоржата Кониарска рекла дека добиле пријава дека член на семејството на сопственикот на станот открил тело. Полицијата се упатила на Улица Рогожина во Радлин, каде е откриен мумифициран труп во делот од куќата на постар маж.
Јоана Сморчевска од Окружниот обвинител рекла дека според ДНК анализата, мумифицираното тело ѝ припаѓа на мајката на Маријан Л. Мајката на мажот Јадвига Л., починала во јануари 2010 година. Утврдено е дека гробот на Јадвига Л. во кој таа била погребана на 16 јануари 2010 година е празен. Претпоставките на полицијата се дека мажот веднаш по погребот го ископал телото на мајката, а потоа го мумифицирал. Телото во неговата куќа било од 2010 година.
Се претпоставува дека Маријан Л., кој живее на само 300 метри од гробиштата, можеби го однел трупот дома со велосипед. Шефот на окружното обвинителство, Марцин Фелстињски, додал дека најверојатно човекот користел некои хемикалии за мумифицирање на трупот. Во станот се забележувало мирис на солени топки.
Телото, велат истражителите, било во совршена состојба. Трупот бил откриен во февруари, веста е објавена дури сега откако осомничениот е обвинет за сквернавење труп.
Според локалните медиуми, Маријан Л. бил самец, а неговите соседи не му го знаеле ниту името.