Маж одговорен за смртта на раперот Мек Милер осуден на 11 години затвор

Рајан Мајкл Ривис од Аризона е осуден на 11 години затвор за смртта на раперот Мек Милер. Ривис, кој е еден од тројцата обвинети за смртта на Мек Милер, се изјасни за виновен пред Федералниот суд. Тој бил вклучен во снабдувањето со апчиња кои биле препишани со фалсификуван рецепт, а од кои раперот се предозирал и починал во 2018 година.

Според обвинителството во Лос Анџелес, Мек Милер мислел дека купува лек против болки „оксикодон“, но подоцна се открило дека лекот што го зел бил измешан со фентанил, супстанција која има 50 пати посилно дејство од хероинот.

Извештаите покажаа дека познатиот рапер не се самоубил, како што се мислеше првично, туку дека починал по случајно предозирање со мешавина од фентанил, кокаин и алкохол. Проблемите на Мек Милер со однесувањето и употреба на недозволени супстанции почнаа по разделбата со неговата поранешна девојка, поп-ѕвездата Аријана Гранде во мај 2018 година.

Scroll to Top