Маж продава патики со потписот на Дражен Петровиќ за 20.000 евра

Маж од Хрватска преку оглас на интернет продава патики стари 33 години за 150 илјади куни или 19,908 евра, пишува „Слободна Далмација“. Патиките се со потпис на Дражен Петровиќ, црвени, големина 43, без врвки и како што стои во огласот објавен на Њушкал, се прилично користени.

Во гласот пишува и дека маѓот што ги продава ги носеле во 1989 година пред финалниот натпревар на Европското првенство во кошарка меѓу Југославија и Грција, а на нив има потписи и од тогашните репрезентативци Даниловиќ, Паспаљ, Дивац, Чутура, Петровиќ, Вранковиќ , Раѓа, Радуловиќ и Кукоч.

Југославија тогаш го освои европското злато и по неколку години се распадна.

Scroll to Top