Маж си играл со детектор за метал па ископал злато од 150.000 евра

Австралиец пронашол златна грутка тешка 4,6 килограми, во која имало злато во вредност од 240.000 австралиски долари или околу 148.000 евра. Ја нашол со помош на детектор за метал вреден 1.250 австралиски долари.

Ја пронашол во златните полиња во Викторија, а ја проценил Дарен Кемп, кој рече дека тоа е најголемата грутка што ја видел во неговата 43-годишна кариера. Човекот кој го нашол златото дошол во неговата продавница и прашал дали мисли дека грутката содржи злато во вредност од 10.000 австралиски долари.

Кемп му одговорил дека вредноста е многу поголема, односно 240.000 австралиски долари  или 160.000 американски долари. Грутката е тешка 4,6 килограми и содржи околу 2,6 килограми злато.

Иако ваквите откритија се ретки, се верува дека Австралија има најголеми резерви на злато и таму се пронајдени најголемите грутки.

Scroll to Top