Маж спасил 2,4 милиони бебиња донирајќи крвна плазма

Осумдесет и шестгодишниот Џејмс Харисон од Австралија, има спасено околу 2,4 милиони бебиња, донирајќи крвна плазма. Поседувал ретка крв со уникатни антитела од која научниците развиле инекција Анти-Д со која мајките можат да ги заштитат неродените бебиња од фаталната хемолитична болест.

Кога бремена жена со Rh негативна крвна група носи бебе со Rh позитивна крв, телото ги регистрира црвените крвни зрнца на бебето како закана како некаков вирус или бактерија и произведува антитела за да ги уништи. Ефектите можат да бидат ужасни.

Болеста предизвикува спонтани абортуси, мртвородени деца и оштетување на мозокот или фатална анемија кај новороденчињата. Од плазмата на Харисон се произведува Анти-Д имуноглобин, кој им се дава на мајките за да се спречи создавањето на Rh-антитела кои би ја нападнале крвта на бебето.

„Секоја ампула од Анти-Д создадена во Австралија има дел од Џејмс во неа“, рече Робин Барлоу, координатор на Rh програмата.

Џејмс рече дека одлучил да стане крводарител откако направил операција на градниот кош на 14 години. Лекарите му го спасиле живоотот откако му дале голема колична крв преку трансфузија.

„Тогаш ветив дека на 18 години ќе станам крводарител“, рече Харисон, кој е крводарител повеќе од 60 години. Во Австралија е познат и како човекот со златна рака. Првпат донирал во 1954 година, а последен пат во 2018 на 81 година. Тогаш ја направил 1173 донација крв. Во 1999 примил орден и е прогласен за национален херој.

Scroll to Top