Мажот кој го застрела шетачот на кучиња на Лејди Гага доби 21 година затвор

Џејмс Хауард Џексон, мажот кој го застрела шетачот на кучињата на Леди Гага и ги украде нејзините два француски булдога е осуден на 21 година затвор за грабеж од висок профил. Инцидентот се случи лани на 24 февруари во Лос Анџелес. По ова Гага понуди награда од 500.000 долари за враќање на нејзините миленици.

Пресудата дојде неколку месеци откако американските власти распишаа потерница по Џексон, кој по грешка беше ослободен од притвор во април.

„Иако призна вина, Џексон е одговорен за извршување насилен ладнокрвен чин и обезбедува правда за жртвата“, стои во пресудата.

Според властите, Џексон и двајца соучесници се возеле низ Лос Анџелес барајќи француски булдози, скапа раса на кучиња кои можат да се продадат за илјадници долари. Притоа налетале на Рајан Фишер кој ги шетал трите кучиња на Леди Гага, но детективите сметаат дека не знаеле дека тие им припаѓаат на славната пејачка. Откако Фишер одбил да им ги даде кучињата, Џексон при борба го застрелал со полуавтоматски пиштол и тешко го ранил. Џексон притоа зел две кучиња, додека третото се сокрило во грмушка.

Кучињата ѝ биле вратени на Леди Гага по неколку дена, а два месеца по нападот, пет лица беа уапсени, меѓу кои и Џексон.

Scroll to Top