Медлин Хофман повеќе од четири месеци патувала со велосипед од Германија до Турција за да го запознае својот татко, кој живее во турскиот град Кајсери,пренесува Анадолија.
Пред седум години дознала дека нејзиниот татко е Турчин. Медлин, која во тоа време била модна дизајнерка која живеела во Сиднеј, Австралија, одлучила дека сака да оди на долго и необично патување за конечно да го запознае својот татко.
Таа дала отказ и се вратила во Германија, каде продолжила да живее, а на 23 август минатата година со велосипед тргнала за Турција. Медлин редовно пишуваше за своите искуства за време на патувањето на социјалните мрежи.
Пристигнувајќи во Кајсери, град во централниот дел на Турција, по повеќе од четири месеци конечно го запознала својот татко Дуран Текин, кој сега има 64 години.
Во интервју за Анадолија, таа вели дека била шокирана кога дури на 26 години дознала дека нејзиниот татко е Турчин.
Таа решила да тргне на долго патување за да ја открие другата половина од своето потекло и да се пронајде себеси.
Откако тргнала на велосипедското патување од Германија, таа патувала низ Франција, Швајцарија, Италија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Грција, пред конечно да стигне до нејзината крајна дестинација, Турција.