Меси ќе потпише нов договор на 36 роденден со Барселона

Еден од најдобрите фудбалери Лионел Меси, постигна договор со Барселона и на крајот на сезоната за неговиот 36 роденден ќе го потпише со каталонскиот клуб, пренесоа француските медиуми. Пишуваат дека фудбалерот на Пари Сен Жермен се согласил на годишна заработка од 10 милиони евра.

„Меси се согласи на радикално намалување на платата од дури 66%, само за да може да игра за клубот од неговиот живот. Сега годишно ќе заработува по 10 милиони евра по сезона“, пренесоа медиумите повикувајќи се на RMC.

Раководството на Барселона му порача дека мора да го почитува финанскиот фер-плеј и рече дека не се во можност да му понудат повисока плата. Ако трансферот успее, ќе биде осмиот фудбалер според годишната заработка во каталонскиот клуб.

RMC потсети дека Ал Хилал од Саудиска Арабија му понуди повеќегодишен договор во вредност од 540 милиони евра. Аргентинецот го носеше дресот на Барселона од 2000 до 2021 година, кога следеа проблемите во клубот, па се одлучи да го напушти и потпише за ПСЖ.

Scroll to Top