Меси, Мбапе и Бензема номинирани од ФИФА за најдобар светски играч за 2022 година

Карим Бензема, Килијан Мбапе или Лионел Меси, еден од нив ќе биде прогласен за најдобар светски играч за минатата година најави ФИФА.

За оваа награда ќе гласаат сите селектори и капитени на репрезентациите кои се под капата на ФИФА, а победникот ќе се дознае на 27-ми февруари.

Во собирањето гласови ќе биде вклучено и Светското првенство кое заврши на 18-ти декември. Тоа сигурно му ги зголемува шансите на Лео Меси да дојде до оваа награда, иако првично главен фаворит за освојување на признанието е Карим Бензема.

ФИФА веќе најави дека свечената церемонија по повод наградата „The Best“ ќе се одржи на 27-ми овој месец во Париз.

Scroll to Top