Меси по вторпат е избран за најдобар фудбалер во светот

Лионел Меси по вторпат во кариера ја освои наградата ФИФА Бест, за најдобар фудбалер во 2022 година. Аргентинцот доби повеќе гласови од неговиот соиграч во Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе и ѕвездата на Реал Мадрид и освојувач на „Златната топка“, Карим Бензема.

Меси во 2022 година ја освои титулата во француската Лига 1 со својот ПСЖ и Мундијалот во Катар со што ја оствари најголемата желба со Аргентина да стане светски шампион.

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони, е прогласен за најдобар тренер, а Емилијано Мартинез е најдобар голман на светот. Аргентинските навивачи ја добија и фан-наградата.

Фудбалерката на Барселона, Алексија Путелјас, повторно е прогласена за најдобра фудбалерка на светот. Таа постигна 34 гола во сите натпреварувања за Барселона за тројна титула и е првата фудбалерка која освојува две Бест награди.

Scroll to Top