Меси во Саудиска Арабија ќе зема двапати поголема плата од Роналдо

Лионел Меси и Кристијано Роналдо повторно ќе ги одмерат силите во Саудиска Арабија. Според извештаите на новинската агенција АФП, аргентинскиот напаѓач наводно постигнал договор со Ал-Хилал од следната сезона да се пресели во саудиската лига.

Поранешната ѕвезда на Барселона и седумкратен освојувач на „Златната топка“, наводно кажал да за сензационалниот договор од 400 милиони евра по сезона, двојно повеќе од она што Кристијано Роналдо моментално го заработува во Ал-Наср.

Меси ќе се прости од Пари Сен Жермен во јуни кога ќе му истече договорот со францускиот клуб. Серхио Бускетс и Жорди Алба исто така би можеле да одат во Саудиска Арабија.

 

 

Scroll to Top