Михаел Балак се заљуби во девојката на неговиот покоен син

Поранешниот германски фудбалер Михаел Балак е во врска со 21 години помлада девојка. Станува збор за манекенката Софи Шнајдерхан, која му беше девојка на неговиот починат син Емилио. „Билд“ пишува дека трагедијата ги зближила.

Двајцата често се гледаат, а последен пат биле видени заедно во Базел на една изложба на модерна уметност. Биле видени како се бакнуваат во Берлин. Нивни пријатели за „Билд“ велат дека годините не им претставуваат проблем.

За потсетување, Балак во кариерата играше за Баер Леверкузен, Баерн Минхен, и Челзи. Неговиот син Емилио почина минатата година во сообраќајна несреќа во Португалија.

Scroll to Top