Михаела Алексовска е првата Македонка во НБА-кампот „Кошарка без граници“

Македонската млада кошаркарка Михаела Алексовска од екипата на Крива Паланка е дел од НБА интернационалниот камп „Кошарка без граници“ кој се одржува во Милано.

Алексовска е првата кошаркарка од државата која доби покана да биде дел од овој престижен меѓународен камп  (BWB), програма на ФИБА и НБА за глобален развој со акцент на подобрување на кошаркарските вештини на младите таленти на возраст до 18 години.

Таа ќе биде дел од петдневниот камп кој ги собира врвните млади кошаркарски таленти на возраст од 18 години и помлади од Азија-Пацифик, Европа, Америка и Африка.

Учесниците, избрани од ФИБА, НБА и националните федерации учеснички, се среќаваат во градот домаќин, овој пат тоа е Милано, како град каде што требаше да се одржи овој камп во 2020 година, но поради пандемијата со Ковид-19 беше откажан.

На кампусот на Универзитетот Бокони каде што ќе се реализира „Кошарка без граници 2022“ на младите кошаркарки и кошаркари ќе им се придружи персоналот на кампот, националниот тим и играчи од НБА, како и други врвни тренери од светот.

Scroll to Top