Мики Маус го напушта „Дизни“

Цртаниот лик Мики Маус кој се смета за пионер на анимацијата, според американскиот закон за авторски права, компанијата Дизни наскоро би можела да ги загуби ексклузивните права.

Мики Маус ќе влезе во јавна сопственост во 2024 година, 95 години откако беше создаден на 1 октомври 1928 година – периодот по кој истекува авторското право на уметничкото дело чиј автор е анонимен или чиј автор работел под псевдоним.

Даниел Маједа, заменик-шеф на Одделот за филмско право за авторски права на Правниот факултет во Лос Анџелес и долгогодишен адвокат за медиуми и забава, нагласува дека дури и кога истекуваат авторските права, постојат одредени ограничувања.

„Ќе можете да го користите ликот на Мики Маус како што беше првично создаден и да го ставите во вашите сопствени приказни или приказни за Мики Маус со оригиналниот лик. Но, ако го направите тоа на начин што ќе ги натера луѓето да размислуваат за „Дизни“ – што е неизбежно затоа што толку долго инвестирале во овој лик – тогаш теоретски „Дизни“ би можел да каже дека сте ги прекршиле нивните авторски права“, нагласи Маједа.

Мики Маус првпат се појави во црно-белиот цртан филм Steamboat Willie. Цртаниот филм беше пионер на анимацијата за синхронизирана употреба на звук – каде движењата на екранот одговараат на музиката и звучните ефекти, лансирајќи една од најпрепознатливите слики во филмот и телевизијата.

 

Scroll to Top