Мис Универзум ги раскина врските со Индонезија и Малезија поради обвинувања за сексуална злоупотреба

Мис Универзум ги раскина врските со Индонезија и Малезија поради обвинувања за сексуална злоупотреба, пренесоа светските медиуми. Ова се случи на неколку дена пред одржувањето на крунисувањето на Мис Универзум од Индонезија, во Џакарта.

Полицијата ги истражува тврдењата дека на од финалистките им било побарано да се соблечат за проверка на телото за лузни и целулит, а некои рекоа дека биле фотографирани топлес. Од Мис Универзум им се заблагодарија на жените за нивната храброст да објават за случајот.

Додадоа и дека обезбедувањето безбедно место за жените е нивен приоритет.

„Со оглед на она што го дознавме дека се случило на Мис Универзум од Индонезија, јасно е дека оваа франшиза не ги оправда нашите стандарди, етика или очекувања на брендот“, објави синоќа МУО, чие седиште е во САД.

Директорката на франшизата за Индонезија, Попи Капела, рече дека никогаш не наредила, побарала или дозволила некој што играл улога и учествувал во процесот на организирање на Мис Универзум Индонезија 2023 година да изврши насилство или сексуално вознемирување преку проверка на телото.

Додаде дека е против секаква форма на насилство или сексуално вознемирување.

За потсетување, Мис Универзум е популарен настан во Југоисточна Азија, особено во Индонезија, Филипини и Тајланд, каде што победничките стануваат познати личности и влијателни на социјалните мрежи. Индонезијката Фабиен Никол Гроневелд, која победи на натпреварот за претставување на својата земја, ќе се натпреварува во финалето на Мис Универзум во ноември 2023 година.

Scroll to Top