Пред речиси 20 години Џенифер Анистон ѝ даде интервју на Дајан Соер, во кое таа се расплака поради Метју Пери, а по веста за смртта на актерот, снимката повторно почна да кружи на интернет.
Во едно интервју во 2004 година Анистон зборувала за односите со колегите, со кои таа година се збогувала по 10 сезони емитување на култната серија, а кога се споменувало името на Пери, таа веднаш се расплакала.
Новинарката се осврнала на битката на Пери со зависноста и фактот дека неговите колеги актери се обиделе да му помогнат, но не знаеле како.
„Тој се бореше. Не знаевме. Не бевме подготвени да се справиме со тоа. Никој никогаш не се справи со тоа. И помислата дури и да го изгубам… Тој има пат. Но, тој е добро“, рече таа.
Текстот „Мислата да го изгубам“: Анистон се расплака во интервју за Пери е превземен од МАКФАКС.