Кај 29 годишен Албанец лекари при здравствен преглед во Лондон, забележале дека срцето и другите органи се на другата страна од телото.
Случајот го открил познатиот албански кардиохирург Кристо Папа, кој живее и работи во Лондон.
„На пациентот кој има 29 години му беше констатирана дестрокардија и инверзии на абдоминалните органи од лево. Ова е редок случај, бидејќи во целиот свет може да има само пет до шест случаи на луѓе кои имаат ваков вид на телесни абнормалности“, изјавил доктор Папа за „Ора Њуз“.
Тој додава дека со колегите во болницата ќе го следат случајот со младиот човек кој е своевиден феномен за лекарите и посочува дека е потребна голема внимателност и умешност при здравствените третмани.