Млад колумбиски фудбалер почина за време на тренинг

Младиот колумбиски фудбалер Андрес Баланта, почина за време на тренинг, пренесоа светските медиуми. Баланта кој играше за аргентинскиот прволигаш Атлетико Тукумана колабирал среде тренинг, а лекарите неуспешно се обиделе да го реанимираат. Засега официјалната причина за неговата смрт не е позната.

Многумина се сомневаат дека голем удел имало и времето, затоа што со неговите соиграчи тренирале на 36 степени при голема влажност на воздухот. Ова не е првпат Баланте да колабира на терен. Слична ситуација се случила и во 2019 година, кога се онесвестил поради ниското ниво на глукоза во крвта.

За потсетување, покрај Тукумана, беше дел и од младинската репрезентација на Колумбија.

 

 

Scroll to Top