Млада тиктокерка убиена пред својата куќа

Тиктокерката и инфлуенсерка Карла Пардини (21) била застрелана пред нејзиниот дом во Мексико. Според полицискиот извештај, непозната личност ѝ се јавила на телефон и ѝ кажала да излезе надвор по што пукале во неа. Сведоците на полицијата ѝ кажале дека неколку вооружени лица биле видени како шетаат во тоа подрачје пред да се случи убиството.

Државното обвинителство не открило дали последните видеа што ги објавила имаат врска со тоа.

„Истрагата ја вршиме во најголема тајност, за да не ги предупредиме можните осомничени“, рекол главниот државен обвинител за медиумите.

Карла Пардини објавуваше видеа поврзани со модата кои имаа милионски прегледи, а имаше околу 90.000 следбеници.

 

Scroll to Top