Младенци донираа школски прибор за детската амбасада „Меѓаши“

Деспина и Синиша млада брачна двојка на нивната свадба гостите наместо цвеќе донесоа училишен прибор, кој го донираа за Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Пакети со прехрамбени, хигиенски прозводи и училишен прибор се подготвени велат од „Меѓаши“ за почеток на училишната година.

 „Вистинска инспирација за многу следни донаторски активности! – Дали може да се направи нешто поразлично, нешто корисно, нешто потрајно, некое добро што ќе биде од помош некому, нешто што ќе разбуди среќа и насмевка на нечие лице? Среќата е поголема кога ја споделуваме и токму тоа го направија и Деспина и Синиша кои го имаа одговорот на сите претходни прашања додека го правеа планот за свадба“, напишаа од „Меѓаши“.

Scroll to Top