Младите македонски кошаркари се пласираа во нокаут-фазата на Европско по победата над Бугарија

Македонските кошаркари до 20 години по победата над Бугарија вечерва во Скопје, се пласираа во нокаут-фазата на Европското првенство. Натпреварот се играше во салата „Кале“, каде кошаркарите на тренерот Никола Василев ја совладаа Бугарија со 83:54.

За потсетување, на Македонија ѝ требаше победа од најмалку четири поени разлика за пласман во следната рунда, а со најмалку девет за првото место. Теодор Симиќ со 21 поен и осум скока беше најпрецизен за Македонија, додека зад него беа Андреј Митревски со 19 и Марин Петков со 11 поени.

Пласманот во следниот круг ќе биде заверен утре по натпреварот со Ирска, меч кој почнува во 18 и 30 часот.

Scroll to Top