Македонската машка ракометна кадетска репрезентација ја совлада Чешка со убедливи 28:22 и го освоија деветтото место на Светското првенство во Хрватска.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ го подобрија историскиот резултат за нашата селекција на едно У-19 Светско првенство.
Калајџиевски со 12 и Димевски со 8 голови беа најдобрите во нападот на Македонија, додека кај Чесите, Јосеф го заврши натпреварот со 8 погодоци.