Младоженец си ги избркал родителите од венчавката

За повеќето венчавката е посебна прилика во животите на едно семејство. Но, родителите на еден младоженец непријатно се изненадиле кога им рекол дека не можат да дојдат затоа што не биле доволно добри за семејството на невестата и се плашел дека може да го посрамотат.

Тие одлучиле да не му дозволат повеќе да живее бесплатно во куќата која му ја купиле. пишува „Мирор“.

„Бидејќи не не сака, тогаш ќе мора да си замине“, напиша таткото на „Редит“ и побара совет. Објасни дека со сопругата му ја купиле куќата за да биде поблиску до колеџот. Му ги плаќале и финансиите. Продолжиле да му плаќаат и откако ја донел девојката дома.

Проблемите почнале кога се собрале сите на скара во куќата. Таткото на младоженецот рече дека со сопругата и ќерката си заминале вознемирени, кога им кажале дека не ги сакаат на венчавката.

„Ни кажаа дека не сме такви луѓе со кои се дружат. Бев гневен и го побарав син ми. Го прашав што е проблемот, а тој ми објасни дека семејството на девојката смета дека не сме биле доволно добри и дека ќе ги посрамотиме на венчавката“, рече тој.

По некое време повторно дошол да се види со син му па забележал дека сега со него живеат и родителите на невестата.

„Кога ми рекоа да си заминам, им одговорив дека имаат 30 дена да се иселат. Им реков дека сакам да ја продадам куќата. Им реков дека веднаш ќе ја ставам куќата на оглас“, рече таткото, кој доби илјадници коментари и совети.

„Така треба. Не постои извинување кое ќе го оправда ова. Нема причина зошто не може да отидете на венчавката. Можам да разберам ако не сте му давале поддршка или ако од претходно имало некаков проблем, но од ова што го читам ме збунува зошто го направил тоа“, му напишаа тие.

 

Scroll to Top