Тековната наградна игра на Credissimo – „Ma tantissimo со Credissimo“ досега израдува многу нивни клиенти со „tantissimo“ награди кои се вистински синоним на Италија. Организаторите навистина ја доближија Италија до сите свои корисници!
Италијанската кујна е позната по „tantissimo“ автентичните специјалитети подготвени од внимателно одбрани состојки. Еден од нив е и автентичниот италијански сладолед – gelato. Во овие топли летни денови секој сака да ужива во различните вкусови на квалитетно подготвениот сладолед, па затоа организаторите на наградната игра „Ma Tantissimo со Credissimo“ одлучија да ја доближат Италија до сите максимално поблиску.
Утре, 24.06.2023 (сабота) во „Градскиот парк“, во Скопје ќе тргне караванот „Ma Tantissimo со Credissimo “! Настанот започнува во 11 часот.
На случајните минувачи ќе им бидат доделени ваучери, со кои ќе можат да добијат бесплатен gelato по избор од Scoop Artisan Gelato во „Градскиот парк“.
Но, тоа не е сѐ!
Освен бесплатниот сладолед, посетителите на паркот ќе имаат можност да се вклучат и во giveaway за награда бесплатен сладолед цееело лето, која среќниот добитник ќе ја добие во пресметани килограми сладолед, т.е. доволно број на топки сладолед за да му стигнат за цело лето.
За да се вклучиш за преубавата летна награда, посети го „Градскиот парк“ утре и сликај го бесплатниот сладолед пред големиот „Ma tantissimo“ банер. Објави ја сликата на Instagram. Означи го Instagram профилот на Credissimo [@credissimo_mk] и стави хаштагот #tantissimo.
Караванот „Ma Tantissimo со Credissimo “ не застанува тука, во јули ќе помине и низ Охрид, Битола и Штип!