Бојадисувањето јајца може да биде и забавно доколку се искористат техники кои се креативни и брзи.
Јајцето потопете го во различни бои и оставете го да се исуши исправено, бојата да не се одлепи од страните. Покрај класичните прашести бои, јајцата можете да ги обоите и со темпера или гел бои.
View this post on Instagram
Ако не сакате или немате време да ги бојадисате јајцата, набавете бели, па нацртајте ги со црн маркер, со или без дополнителни детали.
View this post on Instagram
Пастелните бои на јајца наједноставно може да ги постигнете доколку во сад во садот во којшто ги варите, јацата да ги прелиете со ладна вода, посолете ги и оставете ги да се варат. Потоа со лажица извадете ги од водата и оставете ги целосно да се изладат. Во меѓувреме, во неколку чаши подгответе прехранбени бои. Во секоја чаша прелијте 200 милилитри вода, лажица оцет и лажица од саканата боја. Мешајте додека смесата не се соедини, па во чашата додадете го јајцето. Чувајте го во вода додека не ја добие саканата боја. Одвреме-навреме вадете го јајцето со лажица за да проверите дали ја има постигнато идеалната боја. Извадете го јајцето од бојата, оставете го целосно да се исуши, па избришете го со крпа натопена во масло, за да му даде сјај.
View this post on Instagram
Користење природни материјали во украсување на велигденските јајца во моментов е вистински хит на социјалните мрежи. Растенијата кои сте ги избрале наредете ги на хартија или салфетка и оставете да се исушат. Потоа залепете ги избраните природни детали на лушпата од вареното јајце. Најчесто како лепак може да се користи и изматена белка со шеќер.
View this post on Instagram