Момче го поканил цел Тик ток да му дојде на роденден, па полицијата му ја откажала забавата

Тиктокерот Омар Дадра сакал да го прослави роденденот со стил, па одлучил да ги покани сите следбеници на Тик ток на неговата роденденска забава. Тој ги повикал сите да дојдат на неговата забава во Лондон и во видеото на сите им ја дал адресата и времето на забавата.

Видеото станло хит на социјалните мрежи и собрало 2,5 милиони прегледи за само две недели, по што тиктокерот заклучил дека очигледно му треба поголем простор, па ја објавил новата локација на забавата, која ја нарекол „Проект икс“.

Во меѓувреме полицијата го контактирала сопственикот на кафулето каде требало да се одржи забавата и побарала од него да го откаже настанот.

Тиктокерот сепак успеал да ја одржи забавата и да објави видеа од забавата на кои се гледа дека имало многу луѓе кои танцуваат околу пултот на диџејот, а Омар напишал дека забавата била неверојатна.

@omar2on #projectx #projectxparty #london #viral #houseparty ♬ on & on – piri & tommy

@omar2on Replying to @Eric #projectx #rave #omar2on #london #birthdayparty ♬ original sound – Omar+

Scroll to Top