Момче ја запроси девојката на избори во Турција

Во Турција се одржа вториот круг од претседателските избори, а на избирачкото место во главниот град Анкара дечко ја запроси девојката.

Мехмет Емин Озбеј, пред избирачкото место во локалното училиште, ја запросил девојката Гизем Есин покажувајќи и импровизирано ливче со заедничка фотографија и ја прашал дали таа го прифаќа предлогот за брак.

Девојката изненадена, но и пресреќна ставила печат со знакот „да“ на заедничка фотографија и потоа го вметнала во „гласачката кутија“.

После тоа Озбеј клекнал и на девојката и подарил свршенички прстен. Моментот на запросување бил проследен со аплауз од присутните.

Девојката во изјава за новинарите рекла дека е изненадена и дека не очекувала вакво запросување.

Фото: Анадолија/ Исмаил Каплан

Scroll to Top