Морето во австралиската држава Викторија исфрлило труп на албино грбав кит. На плажата Малакота на источниот брег на Викторија вчера се појавило безживотно тело, а многу луѓе мислеа дека тоа е најпознатиот бел кит во светот – Мигалу.
Сепак, Питер Брик од Управата за заштита на животната средина и просторно планирање истакна дека не се работи за саканиот Мигалу.
Експертите велат дека се работи за млада женка, а дека Мигалу е мажјак. Тие исто така велат дека женката можеби не била албино, но го изгубила пигментот во кожата откако умрела.
Мигалу првпат беше забележан во 1991 година и оттогаш стана вистинска атракција ширум светот. Сепак, Мигалу не е виден веќе две години, но Ванеса Пирота од Универзитетот Мекквари вели дека долгите празнини помеѓу појавувањата не се невообичаени.
So much speculation about this #humpback stranding. Can confirm- it’s NOT #Migaloo. This is a female humpie, 10m, with some black skin left on it. White colour likely due to taphonomic effect. Hundreds of humpbacks strand each year- let’s use this opportunity to talk about that! pic.twitter.com/mjqBcYLNGi
— Dr. Bec Wellard (@DrBecWellard) July 17, 2022