Море исфрли бел грбав кит во Австралија

Морето во австралиската држава Викторија исфрлило труп на албино грбав кит. На плажата Малакота на источниот брег на Викторија вчера се појавило безживотно тело, а многу луѓе мислеа дека тоа е најпознатиот бел кит во светот – Мигалу.

Сепак, Питер Брик од Управата за заштита на животната средина и просторно планирање истакна дека не се работи за саканиот Мигалу.

Експертите велат дека се работи за млада женка, а дека Мигалу е мажјак. Тие исто така велат дека женката можеби не била албино, но го изгубила пигментот во кожата откако умрела.

Мигалу првпат беше забележан во 1991 година и оттогаш стана вистинска атракција ширум светот. Сепак, Мигалу не е виден веќе две години, но Ванеса Пирота од Универзитетот Мекквари вели дека долгите празнини помеѓу појавувањата не се невообичаени.

Scroll to Top