Морнари утрово околу 9:20 часот пронашле тело во близина на Ада Хуја, за кое се верува дека е исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, пишуваат српските медиуми.
Форензичарите го извлекле телото, кое било во распаѓање и тоа е предадено на обдукција. Преку ДНК ќе се дознае дали навистина станува збор за 27-годишниот Матеј, кој исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември во Белград.
Според првите информации, станува збор за маж кој бил облечен во фармерки, маица и имал една бела патика, што одговара на гардеробата која во времето на исчезнувањето ја носел Периш. На раката имал сребрен часовник и мобилен телефон во џебот.
„Сè додека и официјално не се утврди идентитетот, полицијата нема да излегува со информации во јавноста“, рекле надлежните за медиумите.