Moжни траги од вода на Марс, тврдат кинески научници

Тим кинески научници пронашле можни траги од вода на Марс, се наведува во напис на научното списание „Нејчр“ (Nature).

Нивните наоди се засноваат на податоците собрани од првата кинеска мисија на Марс, Тијанвен-1, кога ровер слета на површината на Црвената Планета. Роверот „Жужонг“ е опремен со радар што може да скенира подземни материјали и е прв таков во светот. Тој минал 1.171 метар во првите 113 дена на Марс.

Радарот може да скенира длабочина до 80 метри. Иако не нашол директен доказ за вода, тој открил слоеви земја, очигледно обликувани од водена активност, што датираат од пред околу 3,5 до 3,2 милијарди години.

Според испитувањата, можеби се работи и за поголеми поплави, што се случиле тогаш.

Според научниците, сѐ уште е прерано и за да се исклучи постоењето на мешавината од мраз и сол на Марс.

Scroll to Top