Андреа Коева се најде на 11 -то место на втората полуфинална вечер од Евросонг, од вкупните резултати од стручното жири и телевоутингот претворени во поени, објави МРТ.
Македонија со овогодинешната претставничка Андреа и песната Circles која настапи 11 -та по ред во втората полуфинална вечер, според поените од стручното жири го освои 10 место со вкупно 56 поени, додека пак, од телевотингот го освои 15 место со вкупно 20 поени. Претворени во вкупни поени, Андреа со вкупно 76 поени го освои 11 место во полуфиналето, или пак 26 место од вкупно 40 земји учеснички.