На 3. јуни ќе се одржи Фестивал на биодиверзитет: Коктел на вкусови во Паркот на Франкофонијата

На 3 јуни  од пладне до вечер,  во Паркот на Франкофонијата во Скопје, по 3-ти пат ќе се случува Фестивал на биодиверзитет: Коктел на вкусови, што го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна: ќе има околу 40 изложувачи од цела Македонија, од кои 21 од Скопје.

Овој пазар за храна на локалните производители вклучува и презентации, алкохолни, вински и пивски дегустации и секако- убаво дружење цел ден во најубавиот дел на Дебар маало. На настанот ќе бидат презентирани сите можни вкусови, благо, солено, луто: гастрономски деликатеси во тегли, пинџур, џем, слатко, намази, се природно, со вкусови што ќе ве вратат во детство, потоа- традиционалните козји, кравји и секакви сирења, сувомеснати производи сушени на дрва. Тука е вкусот на тартуфите, како и органско масло од лешник, природни сокови, масла, домашни ракии, занаетчиски пива, вина од мали семејни винарии.

Освен дегустација на производите кои ќе можат и да се купат, во програмата на фестивалот ќе има претставување на крафт пиварии, најдобрите коктел мајстори ќе приговуваат коктели од пијалоци на локалните производители а најмладите ќе имаат катче со работилница од програмата на проектот Училишни градини на Слоу Фуд.

Scroll to Top