На Нејмар му се заканува пет години затвор

На фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, му се заканува петгодишна казна затвор, пренесоа светските медиуми. Бразилецот би можел да биде казнет за трансферот кој го направи во 2013 година, кога од Сантос премина во Барселона. Тој ќе мора повторно да оди на суд за измама, а обвинети се и неговите родители.

Во обвинението се споменати и двата клуба, поранешните претседатели на Барселона Џозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел и на бразилскиот клуб Сантос Одилио Родригес.

Бразилската фирма „ДИС“, која додека Нејмар играл за Сантос поседувала 40% од неговите права, тврди дека е измамена и дека Бразилецот е продаден под неговата пазарна вредност. Тие тврдат дека Нејмар е продаден на Барселона за 57.100.000 евра од кои 40.000.000 завршиле кај семејството.

17.100.000 кај „ДИС“, а остатокот во Сантос. Поради тоа за сите учесници во трансферот бараат затворски казни од четири до шест години и вкупна парична казна од 195.000.000 евра.

За Нејмар бараат казна затвор од пет години, а судењето почна уште од 2017 година. Адвокатот на Нејмар и неговото семејство цело време тврди дека тоа е работа на бразилското правосудство и дека шпанскиот суд, кој моментално се занимава со истиот, нема потреба да се меша.

И претходно се појавија проблеми околу овој трансфер, затоа што шпанските власти истражуваа и други аспекти. Медиумите пак пишуваат дека за целото тоа време, додека Нејмар не се јавува на суд, прави проблеми во ПСЖ и живее во неговата вила во Париз.

Scroll to Top